еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Список на 479. фирми од урбанизам и градежништвото кои може да останат без лиценци

Министерството за транспорт објави список на кој се наоѓаат 479. правни лица од областа на градежното работење и урбанистичко планирање за кои се води постапка за одземање на лиценците за работа.

Списокот може да го погледнете ОВДЕ.

Од таму информираа дека досега во овие сектори се извршени контроли на над 3.100 лиценци.

Кај 479 лиценци е констатирано дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени, па поради тоа ќе се донесат решенија за одземање.

Станува збор за: 73 правни лица – лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, 228 правни лица – лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, 9 правни лица – лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, 32 правни лица – лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, 32 правни лица – лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, 78 правни лица – лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, 7 правни лица – лиценца  Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, 3 правни лица – лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија, 2 правни лица – лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, 2 правни лица – лиценца управител на градба, 13 правни лица – лиценца за изработка на урбанистички планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца

„Дурмо турс“ пак работела нерегуларно: Утврдени неправилности кај 21 превозник на патници и стока

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Јато фламинга на Охридското Езеро

Редакција

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Редакција

Грција на 1 јули ќе ја отвори границата кон Македонија само на преминот Евзони

Редакција