еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција на 1 јули ќе ја отвори границата кон Македонија само на преминот Евзони

Копнените граници со Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја.

„Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување на рестрикциите за Албанија и Северна Македонија, доколку сè оди добро“, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис на денешната прес-конференција во пресрет на туристичката сезона.

Иако во Грција од понеделник официјално започнува туристичката сезона, копнените граници со Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени од 15 до 30 јуни годинава, со исклучок на апсолутно неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена.

Во однос на авионското поврзување, за периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Македонија и Албанија, но само за основни и конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром. На аеродромот во Солун не се дозволени летови од нашата земја, како и од Албанија.

Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција целосно се отвара до 1 јули: Презентирани правилата за „новото секојдневие“

Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се тестираат по случаен избор

(Фото) Апартмани, куќи и хотели по багателни цени во Грција: Квадратот поевтин од Скопје

Во Грција целосно отворени кафулињата и плажите, ќе се служи и алкохол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин отворен за разговори за можно решение во Украина

Редакција

Камчев жртвуваше три стана, а Алек два стана и земјиште, за да ме наместат: Груевски се пожали пред денешната пресуда за „Плацови на Водно“

Редакција

Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот Стојановски во Собранието на 27 април

Редакција