еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин отворен за разговори за можно решение во Украина

Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти денеска Кремљ.

– Претседателот на Руската Федерација секогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека „најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина. Бајден истакна дека Путин „ сè уште не го сторил тоа“.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски

Редакција

Никола Лазаров поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Редакција

Постапка за Ленче Ристоска по нејзините критики за влијание во Советот на јавни обвинители

Редакција