еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, МВР утрово го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, каде што доби политички азил, јавуваат повеќе медиуми.

Според неофицијални информации, Новачевски е приведен за кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно за случајот кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Плацеви на Водно“.

Во случајот се осомничени и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и братучед на Груевски, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик-министер за економија

Редакција

Мицкоски за францускиот предлог: Бугаризација на рати

Редакција

„МЖ–инфраструктура“ вработува 24 лица, плата до 28.402 денари

Редакција