Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 24 јавни службеници во Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје.
Се бараат кандидати за следните работни места: помлад референт за јавни набавки за плата од 18.158 денари, помлад соработник за правни работи за плата од 23.746 денари, помлад соработник за финансии за плата од 23.746 денари, помлад соработник за финансии (финансиско работење) за плата од 23.746 денари и двајца помлади референти за финансиски работи за плата од 18.158 денари.
Во огласот се бараат и помлад соработник за недвижности за плата од 23.746 денари, помлад соработник за правни работи за плата од 23.746 денари, главен референт за социолошка заштита за плата од 25.608 денари, помлад инженер – систем оператор за плата од 22.349 денари, двајца инженери – систем оператори за плата од 26.074 денари, виш соработник за информатика за плата од 24.211 денари, помлад соработник за односи со јавност за плата од 23.746 денари, секретарка за плата од 18.624 денари, двјаца архивари за плата од 18.158 денари, раководител на одделение за внатрешна ревизија за плата од 28.402 денари, шеф на канцеларија за плата од 27.470 денари, портпарол за плата од 26.074 денари, главен референт за меѓународни комуникации за плата од 26.074 денари, правен советник за плата од 26.074 денари, главен референт за маркетинг за плата од 26.074 денари.
Повеќе детали ТУКА.
Фото: Министерство за транспорт и врски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека Владата ја деполитизира, илјадници нови вработувања во администрацијата
Доминација на државните институции во огласите за вработување