еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Македонија го почнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24

Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“.

Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан

Состанокот ќе трае три дена, за време на кои експертските тимови ќе ги чешлаат седумдесетте страници од европското законодавство (acquis communautaire/аки) посветен на овие теми.

Дипломатски извори за МИА објаснуваат дека станува збор за обемна област, во која се дискутираат низа различни теми, како азил, миграција, и низа граѓански и кривични материи.

-Техничкото објаснување на аки-то за поглавјето 24 ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Брисел за да ги запознае земјите со законодавството и стандардите на ЕУ во овие области, изјави за МИА портпаролката Маја Коцијанчич.

Таа потсетува дека Европската Комисија ја започна потребна подготвителна работа и “ќе продолжи да ја поддржува Поранешната југословенска република Македонија во нејзините напори да постигне опипливи и одржливи резултати посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, области кои имаат важен импакт врз животите на граѓаните“, рече Коцијанчич.

До крајот на оваа година треба да се одржат ушти три скрининг состаноци за поглавјата 3 (слобода на услуги), 5 (јавни набавки) и 32 (финансиска контрола).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот амбасадор Бомгартнер: Се зависи од можноста Скопје и Софија да постигнат договор

Редакција

Бугарија нема да отстапи од својатa позиција за Македонија, вели бугарскиот премиер Јанев

Редакција

Фон дер Лајен од Скопје: Постигнавте извонреден напредок, сега ЕУ треба да испорача

Редакција