еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Обвинетиот шеф на железничката станица во Лариса добил боледување без преглед неколку часа по несреќата

Грчките медиуми објавија дека 59-годишниот шеф на железничката станица во Лариса, кој е обвинет за несреќата во која загинаа најмалку 57 лица, добил болдување од двајца лекари од Волос, само неколку часа по смртоносниот судир на возовите.

Двајцата лекари се суспендирани и за нив е покрената дисциплинска постапка, откако се покажа дека му дале 30 дена боледување без да биде прегледан од ниту еден од нив или пак да бил подложен на било каков вид медицински преглед.

Истрага отвори и Министерството за здравство.

Обвинетиот за несреќата се соочува со повеќе обвиненија за попречување на транспортот и загрозување на животи. Обвинението за безбедност на транспортот потенцијално носи доживотна казна затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за железничката несреќа во Грција презема одговорност само за делот што се однесува на него

Осомничениот за железничката несреќа во Грција станал шеф на железничката станица во Лариса со тримесечен курс

Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент!

Редакција

Убава вест: 937 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница

Редакција