еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во февруари 16,7%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.6, а индексот на цените на мало изнесува 100.4.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај пивото за 5.8%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4.9%, кафето, чајот, какаото за 2.3%, жестоките пијалаци за 1.4%, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1.3%, лебот и житата за 1.2%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, виното за 0.9% и месото за 0.7%.

Во февуари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај средното образование за 14.8%, ветернинарните и другите услуги за домашните миленици за 13.1%, медиумите за снимање за 3.7%, другите медицински производи за 3.3%, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 2.7%, другата облека и додатоците за облека, велосипедите за 2.5%, медицинските услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.1%, производите за домаќинството – нетрајни, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2%, собирањето на отпадните води за 1.8%, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.6%, другите печатени материјали, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.5%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поравките на живеалиштето за 1.4%, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1.3%, снабдувањето со вода, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1.2%, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.1%, малите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 1%, другите лични предмети за 0.9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, гасот за домаќинствата, другото образование, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.7%, мебелот и покуќнината, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, рестораните, кафулињата и слично за 0.6%, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5%, обувките, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0.4%, облеката, текстилот за домаќинствата, патниот патнички транспорт за 0.3%, големите алати и опремата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1%, свежото и разладеното овошје за 0.8%, млекото за 0.4%, рибата и морските плодови за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 5.9%, цврстите горива за домаќинствата за 3.9%, услугите за сместување за 3%, течните горива за домаќинствата за 2.7%, моторните возила за 1.1%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.6%.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи зголемување од 16.7%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12.4%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари 50.909 денари

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измислен обид за атентат на Курти во Скопје

Редакција

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

Редакција

(Видео) На момчето што го фати крстот во Штип се обидоа да му го земат

Редакција