еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари 50.909 денари

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Редакција

Грчки државјанин починал во казино во Битола

Редакција

(Фото) „Претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“: Лила блесна во бел фустан за роденденот

Редакција