еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Додека Владата ја деполитизира, илјадници нови вработувања во администрацијата

Владата вчера соопшти дека во тек се активности за деполитизација на администрацијата и дека со хоризонталната функционална анализа која првпат се прави, ќе следи реорганизација и оптимизација на администрацијата.

Според најавите онаму каде што анализата ќе покаже дека може да се укинат работни места, ќе се укинат, како и дека ќе се формираат и нови институции. Исто така, според најавите на вишокот администрација ќе им биде понудено да бидат ангажирани во приватниот сектор.

Владата соопшти и дека се работи на нов закон за административна служба со кој ќе се знае што ќе се знае кој е политички поставен, а кои се професионалци.

Сепак, колку и да се добронамерни потезите за професионализирање на администрацијата, во Владата заборавија да кажат дека по промената на власта, а посебно во последниве неколку месеци во државните институции и претпријатија имаше илјадници нови вработувања за што доказ се огласите за вработување во кои доминираат токму државните институции и претпријатија.

Со оглед на тоа што на македонските граѓани им е добро познато какви се аршините за вработување во јавниот сектор, прашање е дали реформата не е малку задоцнета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација на државните институции во огласите за вработување

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 71.980 денари

Вработувања во Државниот завод за статистика, плата до 22.500 денари

АХВ вработува советници, инспектори и референти, плата до 25.123 денари

Управата за финансиска полиција вработува, плата од 26.493 денари

Распишан оглас за вработување на 24 лица во Дирекцијата за ТИРЗ

Министерството за одбрана вработува 125 професионални војници, плата до 24.000 денари

МЕПСО вработува 23 лица, плата до 42.456 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 28 лица, плата до 31.323 денари

Министерството за правда вработува 40 лица, плата до 22.490 денари

Владата вработува, плата до 22.500 денари

Владата вработува, плата до 23.260 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев прогласи победа на Коалицијата „Можеме“: „Поразен лажниот патриотизам“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ од среда ќе почне со најавените протести

Редакција

Наместо осуда, Османи за скандалозната изјава на Милков кажа дека немало да биде адвокат на комунистичкиот период

Редакција