еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Битола лани со добивка од 163,1 милиони денари, претходната година работеше со загуба

Стопанска банка АД Битола лани остварила добивка пред оданочување во износ од 181,86 милиони денари oдносно добивка по оданочување од 163,17 милиони денари, што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година, кога работеше со загуба од 189,82 милиони денари, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 117,37 милиони денари), засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година, велат од таму.

Нето-приходите од камати бележат зголемување за 11,45 милиони денари, односно 2,54% во однос на остварувањето од минатата година, посочуваат од таму.

-Приходите од камати се повисоки за 16,99 милиони денари, односно 2,91%, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 5,54 милиони денари, односно 4,19% во услови на засилено штедење на населението во Банката, коeшто започна уште во 2023 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 95,87 милиони денари и се пониски за 30,70 милиони денари, односно за 24,26% споредено со остварувањето од истиот период од минатата година, што главно се должи на зголемените тарифи на добавувачите на услуги на Банката.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 19,54 милиони денари и пониски за 3,99 милиони денари, односно 16,96% споредено со истите од минатата година.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 5,47 милиони денари, односно 24,70% во споредба со 2023 година, како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, велат од таму.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во периодот 1.1.2024 – 31.12.2024 година е значително пониска споредено со истиот период од 2023 година, и тоа за 93,68%, како резултат на наплата на нефунционалните побарувања, посочуваат од Банката.

-Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 20,60 милиони денари, што во целост произлегува од ослободување на ревалоризациска резерва од продажба на преземен имот.

Трошоците за вработените бележат намалување од 15,74 милиони денари, односно за 7,66% споредено со претходната година, што главно се должи на раст на продуктивноста на вработените и оптимизација на трошоците.

Исто така, активностите за оптимизација на трошоците резултираа и со годишно намалување на останатите расходи од дејноста за 25,37 милиони денари, односно 12,39%, додека амортизацијата е пониска за 12,63 милиони денари односно 18,92%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гордана Балтовска не е повеќе член на УО на Стопанска банка Битола, Борислав Атанасовски се враќа во НО

Даниела Ѓоршевска именувана за член на УО на Стопанска банка Битола

„Битката„ за акции во Македонијатурист и обидот за купување на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална, бизнис настани кои ја одбележаа годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност, велат од бугарското МНР

Редакција

Агенција за лекови: Граѓаните да не користат антибиотици за третман и превенција од Ковид-19 на своја рака

Редакција

Извештај на ММФ за Македонија за 2018 година: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е стабилен

Редакција