Струјата од 1. јули ќе поскапи за 0,4% за 88% од домаќинствата, со што нема да биде предизвикан ценовен шок, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.
За осум проценти од граѓаните кои имаат потрошувачка во трет блок – струјата ќе поскапи за 0,48%, за четири проценти од семејствата коишто се во четвртиот блок – трошоците за струја ќе се зголемат за 0,57%.
„Во првиот блок нема промена, во вториот блок има зголемување од 0,85%, во третиот – 1,92%, во четвртиот – 1,88% и евтината струја ќе се зголеми 0,65 проценти“, рече Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.