еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судијката Џенета Бектовиќ е нов член на Судскиот совет

Судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје е нов член на Судскиот совет.

Таа е избрана за член од редот на судиите припадници на заедниците, што се помалку од 20 отсто од населението.

Бектовиќ беше единствената кандидатка, а доби 287 гласа.

Советот го го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието, а двајца се на предлог на претседателот на државата.

Членови без право на глас во Совет се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.

Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 62 случаи на Ковид-19, бројката на активни е 13.915

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Македонски пасош имале и убиените членови на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина и нивниот ликвидатор

Редакција