еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами и да монетизираат на платформата, каде било во светот.

Фејсбук, исто така, ќе продолжи да применува етикети на дополнителни руски државни медиуми, објави на Твитер шефот за безбедносна политика, Натаниел Глејхер.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина и ќе продолжиме да ги споделуваме чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме луѓето на нашата платформа“, рече тој.

Фејсбук претходно лансираше нова опција во Украина која им овозможува на корисниците да ги заклучуваат своите профили за дополнителна безбедност и приватност.

Русија делумно го ограничи Фејсбук како одговор на блокирањето на некои руски државни медиуми.

Рускиот регулатор за комуникации го обвини сопственикот на Фејсбук Мета за кршење на „фундаменталните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани“ со блокирање на страници, вклучувајќи ја и државната новинска агенција РИА Новости.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На жената која се обиде да ја нападне пејачката Елена Ристеска ќе и се забрани да и се приближува

Редакција

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во Германија ќе се дава на лица над 60 години

Редакција

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски осомничена за „Рекет“

Редакција