еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија стави вето: Кина, Индија и ОАЕ воздржани за Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации за инвазијата врз Украина

Русија, како и што се очекуваше, вчера стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јави ДПА од Њујорк.

На гласањето во зградата на Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата.

Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани од гласањето. По гласањето, 50 земји издадоа заедничка изјава во која се вели дека Русија ја злоупотребила својата моќ во блокирањето на резолуцијата.

Нацрт-резолуцијата ја осудува руската агресија и го потврдува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината независност.

Со неа се бара Русија веднаш да се повлече и да се врати на мировниот план на договорот од Минск, пренесе ДПА.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адриа медиа груп“ го напушта „Слободен печат“

Редакција

Која е Анџела Прајс Агелер, која Бајден ќе ја номинира за нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција

Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од Ковид-19

Редакција