Министерството за одбрана на Украина сподели видео на нивниот Твитер-профил на кое се гледа како руски проектил погодува станбена зграда во Киев.
Жителите во украинскиот главен град Киев трето утро се будат од експлозии и сирени за напади, а борби почнаа и во самиот град. Истрели има и во близина на центарот на градот.
Во националното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Украинците ќе останат и ќе се борат за својата земја и ја обвини Русија дека цели на цивилната инфраструктура.
Портпаролот на Зеленски рече дека претседателот го прифатил рускиот предлог за преговори и дека е подготвен да разговара за мир и прекин на огнот.
Фіксуємо воєнні злочини РФ проти мирного населення України
На відео – момент попадання ракети до житлового будинку на Лобановського 6 а. Відео з камери спостереження сусіднього будинку 🎥 pic.twitter.com/FWT8xAjwLQ— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 26, 2022
Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина