еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На жената која се обиде да ја нападне пејачката Елена Ристеска ќе и се забрани да и се приближува

Жената која се обиде да ја нападне со тврд предмет пејачката Елена Ристеска во скопско кафуле ќе добие забрана да и се приближува и да воспостави контакт со нејзе.

Триесет и осумгодишната жена заработи и кривична пријава од МВР за насилство, а постапка за нејзе поведе и Основното јавно обвинителство (ОЈО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена жената која се обиде да ја нападне пејачката Елена Ристеска

-Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата.

Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.

Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, информираа од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Фото: Ристеска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 останува во притвор, Апелација ја одби жалбата

Редакција

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Редакција

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина вреден 1,3 милиони евра

Редакција