еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Наскоро на продажба запленет имот на Мијалков проценет на 21,4 милиони евра

Агенцијата за за одземен имот наскоро ќе го стави на јавно надавање целиот конфискуван имот на поранешниот директор на Управата за контраразуавање и безбедност (УБК), Сашо Мијалков, објави Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Станува збор за 23 станови, два апартмана во Панорама Резиденс и неколку градежни парцели

Истиот од страна на Бирото за судски вештачења е проценет на 21,4 милиони евра.

Како што пишува РСЕ, оваа проценка е за 6,4 милиони евра повисока од таа што ја соопшти во март годинава претходниот директор на Агенцијата, Фатон Асани.

Од Агенцијата засега не откриваат повеќе детали како е настаната оваа разлика во проценетиот имот.

За неколку месеци преку Македонската берза повторно ќе се продаваат и запленети акции поврзани со Мијалков, кои во првиот обид никој не ги купи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција

За една четвртина намален бројот на водни птици на Преспанското Езеро

Редакција

Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата

Редакција