еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство.

На почетокот на седницата кога Законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, а 32-ца „против“, но претседателот на Собранието, Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и затоа што дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.

По ова повторно законот беше ставен на гласање и помина со 80 гласа „за“ и шест „против“ на што реагираше коодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски барајќи од Џафери да го поништи второто гласање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Процедурата при гласањето на Законот за ЈО беше кристално чиста

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО

Бети Канческа не гласаше за Законот за јавно обвинителство

– Срамота е ова што го правите. Криминалци. Ви побарав процедурално додека се обраќаше колегата Мухиќ и Вие тоа го занемаривте. Немате право да повикате на поединечно гласање. Барам да кажете дека гласањето е неуспешно. Се понатаму што правите е кршење на Уставот, му рече Мицевски на спикерот Џафери и побара еден час пауза.

По ова е дадена пауза од еден час во Собранието.

Расправата за законот заврши во петокот, а гласањето беше оставено за денеска на последниот ден кога треба да се распушти Собранието поради парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

Законот беше камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Работни групи од двете партии во изминатиот период одржуваа повеќе состаноци, но немаше заеднички решенија, по што беше организирана и јавна расправа во Собранието на која учествуваа и правни експерти.

Потоа повторно се одржуваа работни состаноци во проширен состав со повеќе парламентарни партии кои дадоа свои забелешки по што Законот беше ставен на собраниска седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лилјана Поповска повеќе нема да се кандидира за пратеник

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, на која ова е и последен пратенички мандат, во процедурална забелешка им порача на идните пратеници секогаш кога ќе носат одлуки да мислат на Македонија и на македонските граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара Мерко кривично да се гони за отуѓување на земјиште во центарот на Струга

Редакција

Државата му додели адвокат на Груевски за „ТНТ“, од рочиште ќе не чини 1.500 денари

Редакција

Ковачевски во ООН: Соочени сме сите пред најтешката зима, да обезбедиме храна и енергија за граѓаните

Редакција