Ревизорката од Државниот завод за ревизија, Татјана Димитровска е новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Димитровска, која е дипломиран економист, беше избрана денеска во Собранието, како и новите членови на ДКСК.
За членови се избрани судијката во Основниот суд, Софија Спасова-Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет, кој доаѓа од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ.
Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари, кога истекува мандатот на актуелниот состав на ДКСК.
Фото: 360 Степени
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.