еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во наредните години и низ идните предизвици, информираат од Банката.

-Со ова успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ.

По одлуката на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од денеска, 3.09.2024 година, велат од таму.

„Длабоко сум почестен од укажаната доверба на Надзорниот одбор и на Народната банка да бидам назначен за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Оваа Банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивиран и натаму да го унапредувам со интегритет и посветеност.

Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни“, истакнува Тони Стојановски во својата прва изјава по стапувањето на функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.

За прв човек на НЛБ Банка Стојановски беше именуван од Надзорниот одбор на Банката на 10. јуни годинава. Во очекување на одобрението на Народната банка, од почетокот на јули, тој ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор.

За потсетување, на челната позиција на НЛБ Банка, Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде 15 години беше член на Управниот одбор на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции.

Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка.

Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќе-децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени поранешен министер, помошник, директори и градежници за несреќата во Нови Сад

Редакција

За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии во Тивешко, Прилеп, Битола, Скопје, Куманово…

Редакција

По удар од гром почина 20 годишно момче од радовишко

Редакција