еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Треба да знаеме што е тоа што ЕУ планира со државата, рече Мицкоски

„Граѓаните, политичките партии, изминатите повеќе од три децении многу пати покажаа волја, но прашањето е дали во Брисел има волја да се реши овој проблем. Затоа што ако во Брисел има волја, тогаш има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Алсат М“.

Мицкоски рече дека треба да се знае што е тоа што Европската Унија го планира со државата, додавајќи дека патот до таму изобилува со вештачки предизвици со кои се начнуваше во минатото македонскиот идентитет.

„Треба да знаеме што е тоа што тие го планираат со Македонија. Ние имаме целосно изедначена надворешна политика со Европската Унија, безбедносна политика, континуирано ги следиме процесите кои што ги води ЕУ. Но, за жал изминатите две и пол децении откако официјално почна овој наш пат кон полноправно членство во Европската Унија изобилува со многу предизвици.

А тие предизвици се вештачки, и секогаш тие предизвици се однесуваат, удираат и задираат на македонскиот идентитет, сите тие, без исклучок. И многу пати македонскиот идентитет во минатото е начнат и се правени отстапки на сметка на македонскиот идентитет“, дециден е Мицкоски.

Тој апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Редакција

Поништувањето на аболицијата е уставно, Стразбур може да ги отфрли тужбите на обвинетите од СЈО

Редакција

Судијата од Управниот суд се повикал на судиски имунитет по барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор

Редакција