Од вчера на сила стапи Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Со примената на истиот во периодот што следи треба да поевтинат 2.548 производи.
Законот предвидува купувачите и добавувачите да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоците.
Истиот не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите.
Со законот резултати се очекуваат на подолг рок, а првите производи со намалени цени се очекуваат до крајот на октомври кога би требало да се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кои 73. производи им се ограничи маржата
Фото: Унсплеш