Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека убиениот маж во Тетово, Р.Т. имал 39 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Тетово убиен маж од возило во движење
Убиството како што е познато се случи вчера на улицата “Штипска“ во близина на угостителски објект, а мажот беше убиен во возило во движење, марка мерцедес, додека бил во неговото возило марка БМВ.
Од МВР информираа и дека инспектори извршиле службени разговори со лица – можни сведоци на настанот и дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото.
-Издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат од таму.
Возилото на убиениот е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.
Полицијата заедно со Основното јавно обвинителство Тетово изврш и увид на место на злосторството и се подигнати траги за вештачење.
Засега нема детали за мотивот, а според медиумите на албански јазик станува збор за стара пресметка помеѓу две групи и е поврзано со пукањето пред тетовската болница пред неколку месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина еден од браќата ранети во пукањето пред тетовската болница