еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убил ли заменик директорот на „Македонија пат“ мечка?

Откако од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објавија информација дека заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго од Демир Хисар, убил мечка и објавија негови фотографии со мртва мечка на која е со пушка, Основното јавно обвинителство во Битола отвори предмет за случајот.

Од здружението најавија и кривична пријава за Дранго, а информираа дека фотографиите ги добиле на мејл.

Дранго, пак за телевизијата Телма вели дека тој не ја убил мечката и тврди дека таа била усмртена при сообраќајка.

Тој за телевизијата сподели и дека во лов на мечки бил во Финска од каде има фотографии со мечки.

„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста Ротино, битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, вели Дранго за телевизијата.

Според македонското законодавство за мечката има трајна забра за лов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

Обвинителството треба да почне со изведување на докази: Продолжува судењето за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција

Десетина граѓани се јавиле во Обвинителство со сознанија за Онкологија, тројца пациенти ќе имаат увид во постапката

Редакција