еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Успешeн прв квартал за НЛБ Банка: Континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година, информираат од таму.

Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка остварила нето добивка во износ од 719.468 илјади денари, што претставува зголемување за 6,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1%, споредено со крајот од 2024 година.

Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8%, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7%.

-Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија, засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст.

Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснoвач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно“ на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ

Групацијата, ќе реализира донација од 350 илјади евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на  вештачката интелегенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.596 денари бруто по акција

НЛБ Банка овозможува онлајн ажуирирање на личните податоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

Редакција

78,8% од оздравените од корона вирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Македонка гради успешна кариера на Малта со посредување за работа

Редакција