еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Утре во Грција 345 протести, земјата ќе биде блокирана на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи

Утре во Грција, кога се навршуваат две години од железничката несреќа кај Темпи во која при судар на патнички и товарен воз загинаа 57 лица, претежно млади, се закажани дури 345 протести на 243 различни локации.

Како што пренесуваат грчките медиуми, земјата буквално ќе биде парализирана.

Нема да функционира бродскиот, авионскиот, железничкиот и речиси целиот јавен сообраќај, нема да работат продавници, ресторани, таверни, кафулиња, ноќни клубови, театри…

Очекувањата се дека протестите ќе бидат историски по масовноста, а централните се во Солун и Атина.

На протест излегуваат и најголемите грчки синдикати на вработените и во државниот сектор и во приватниот сектор, адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на грчката обвинителка која го водеше случајот за железничката несреќа кај Темпи пронајден мртов: „Го фрлија во планините со дивите животни„

(Видео) Реки од луѓе по улиците на Грција на масовните протести по новите докази за несреќата кај Темпи

По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бразилки ги „стоплија“ гостите на Фестивалот на младо вино „Тиквеш“

Редакција

(Видео) Успешно излекуван 61-годишен беровчанец тешко заболен од Ковид-19

Редакција

Роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ ќе поевтини за 30%

Редакција