еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед лани со добивка

Фершпед АД Скопје лани остварил добивка од 124.103 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2023 година изнесуваат 4.471.089 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2022 година се намалени за 3%.

Оперативните приходи во износ 4.463.807 илјади денари учествуваат со 99,8 % во вкупните приходи и истите се намалени за 3% во споредба со оперативните приходи во 2022 година.

Финансиските приходи бележат зголемување за 82% во однос на истите од претходната година.

Вкупните расходи во износ од 4.331.620 илјади денари се намалени за 4% во однос на вкупните расходи  во 2022 година.

Оперативните расходи во износ 4.331.081 илјади денари се намалени за 4% во однос на 2022 година.

Најголемо учество во оперативните расходи со 81% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.510.035 илјади денари.

Финансиските расходи бележат намалување за 71% во однос на истите од претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик генералниот директор на Фершпед, Иван Петровски, поднесе оставка

Фершпед ја зголеми добивката

Драган Наков избран за генерален директор на Фершпед, а за негов заменик Иван Петровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за финансии вработува пет лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Министерството за финансии вработува осум лица, плата до 29.693 денари

Редакција

Цената порасна: Голден Арт за 7 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Редакција