еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед ја зголеми добивката

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.- 30.09.2023 година, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативната добивка остварена во периодот јануари-септември 2023 година изнесува 100.396 илјади денари и истата е зголемена за 26% во однос на добивката во 2022 година истиот период.

Вкупните приходи за периодот јануари-септември 2023 година изнесуваат 3.376.698 илади денари и истите бележат намалување за 3% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период  минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.370.629 илјади денари и се намалени за 3% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2022 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пораст.

Вкупните расходи остварени во период јануари-септември 2023 година изнесуваат  3.270.620 илјади денари и истите бележат намалување од 4% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.270.233 илјади денари и истите се намалени за 4% во однос на оперативните расходи од 2022 година. Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 97.782 илјади денари, што пoкажува зголемување на истата во однос на добивката од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Наков избран за генерален директор на Фершпед, а за негов заменик Иван Петровски

Игор Митев избран за член Одборот на директори на Фершпед

Фершпед со зголемена добивка во првиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на МВР за набавка на еуродизел „тежок“ 94 милиони денари

Редакција

За примања на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени над 20 милиони денари

Редакција

Триглав осигурување со загуба во првите три месеци од годинава

Редакција