еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед со зголемена добивка во првиот квартал

Фершпед АД Скопје за период јануари-март 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2023 година изнесува 11.940 илјади денари.

Остварените вкупни приходи за период јануари-март 2023 година изнесуваат 1.026.307 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2022 година бележат пад од 6%.

Оперативните приходи изнесуваат 1.025.575 илјади денари и истите бележат пад од 6% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2022 година.

Финансиските приходи бележат значителен пораст во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари-март 2023 година се во износ од 1.013.866 илјади денари и истите имаат пад за 6% во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.

Оперативните расходи за период јануари-март 2023 година изнесуваат 1.013.635 илјади денари и истите бележат намалување за 7%  во однос на истиот период во 2022 година.

Финансиските расходи бележат значителен пад во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 9.584 илјади денари, и истата е зголемена во однос на истиот период од 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед лани со добивка

Фершпед со добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во декември

Редакција

Од Жан Митрев демантираат дека Клиниката се продала: Шпекулативни, нарачани и тенденциозни објави

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција