еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед лани со добивка

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2022 година оствари оперативна добивка во износ од 90.041 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи изнесуваат 4.613.135 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2021 година се на приближно исто ниво. Оперативните приходи во износ 4.609.144 илјади денари учествуваат со 99,9 % во вкупните приходи и истите се на исто ниво во споредба со оперативните приходи во 2021 година.

Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите од претходната година.

Вкупните расходи во износ од 4.520.983 илјади денари се на приближно исто ниво во однос на вкупните расходи  во 2021 година. Оперативните расходи во износ 4.519.103 илјади денари се на приближно исто ниво во однос на 2021 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 85,8 % имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.877.676 илјади денари.

Финансиските расходи бележат зголемување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 81.872 илјади денари.

Во извештајниот период на товар на акумулираната добивка направен е отпис на ненаплатливи салда од минати години на краткорочни позајмици и побарувања од купувачи во вкупен износ од 380.389 илјади денари од подружницата Сковин АД Скопје над која во почетокот на 2022 година беше отворена стечајна постапка, како и вредносно усогласување за минати години на вложување во подружница во износ од 22.125 илјади денари, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со добивка во првите девет месеци

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вработува 8 лица, плата до 54.624 денари

Редакција

Македонија со Грција договара испорака на еден милион тони јаглен и 250.000 тони мазут

Редакција

Општина Битола вработува пет лица, плата до 22.311 денари

Редакција