еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од Жан Митрев демантираат дека Клиниката се продала: Шпекулативни, нарачани и тенденциозни објави

Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија.

-Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба.

Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев, велат од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

Редакција

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Редакција

Убава вест: Оздравени 42 лица од корона вирусот кои се лекувале дома и нови шест на клиниките, вкупно 272

Редакција