еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Вработените на ЕВН Македонија го организираа првиот донаторски Празничен базар  

По повод новогодишните празници, во дирекцијата на ЕВН Македонија за прв пат се одржа донаторски базар под мотото „Да бидеме хумани“. Настанот беше по идеја, иницијатива и организација на вработените на компанијата, информираат од таму.

На базарот му претходеше собирање на донации во материјални добра, а за време на истиот донациите ги купуваа останатите колеги. Продадени беа над 150 предмети, облека, покуќнина и лични изработки.

Паричните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија исто така донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја.

ЕВН Македонија е одговорна компанија која контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории. Компанијата во текот на годината подржува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставните промени да не се драматизираат, порача австрискиот претседател Белен од Скопје

Редакција

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

Редакција

Русија бара гаранција за флотата: Товарни бродови со украинско жито блокирани на пристаништата

Редакција