еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавен Конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2023/2024 година

Мнистерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за  запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година.

Конкурсот е достапен на веб-страницата на МОН и ги содржи квотите за запишување ученици според наставните планови и програми за гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

„Во учебната 2023/2024 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта.

За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20.608 слободни места, за настава на албански јазик 8.301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6.475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование,“ соопшти Министерството за образование и наука.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е преку електронско аплицирање, на линк до порталот за електронски услуги на МОН (e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку нивните сопствени кориснички сметки на Schools.mk.

Како што е наведено во објавениот Конкурс, првото пријавување на учениците ќе биде на 20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни до 15 часот.

Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни на https://euslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата на МОН (mon.gov.mk).

Потоа ќе се доставува потребената документација до училиштата – на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места, како што е наведено во Конкурсот, ќе бидат обајвени на  24 јуни  најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците ќе биде на 27 и  28 јуни, а ранг-листата на запишани ученици од ова пријавување ќе биде објавена на 29 јуни.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети: мајчин јазик и математика за  гимназиско образование;  биологија и хемија за здравствена струка и мајчин јазик и математика за  другите струки.

Во објавениот Конкурс се наведени потребните документи за запишување во средно образование и термините за квалификациско тестирање во двата рока на пријавување за упис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

(Фото) Спасени три лица кои поради невреме изгубиле контрола над чамец во Дојранското езеро

Редакција