еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Македонија и Србија ќе потпишат меморандуми за полесно поминување на границите, соработка во областа на енергетиката и рударството

Со средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ почна официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски на Белград.

За време на посетата, Ковачевски ќе се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на Народното Собрание, Владимир Орлиќ.

Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со Брнабиќ, а двете владини делегации, предводени од премиерите, ќе одржат и заедничка пленарна средба на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.

По пленарната средба, предвидено е потпишување на меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, по што ќе следува заедничка прес- конференција на двајцата премиери, Ковачевски и Брнабиќ.

Ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија, за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница, Меморандум за разбирање – проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и Меморандум за соработка во рударството и енергетиката.

Во состав на македонската делегација се и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вучиќ и Брнабиќ го прошетаа Ковачевски покрај Сава во Белград

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија го одби барањето на Украина за оружје и санкции за руските енергенси

Редакција

Починаа уште 22 лица од Ковид-19, вкупно 1.847

Редакција

Убава вест: Оздравени 127 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција