Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, ја посети и телевизијата CNN на која во времето кога Никола Груевски беше премиер, имаше туристичка кампања за Македонија и за нејзните економски можности.
Мицкоски, како што напиша на Фејсбук во седиштето на телевизијата, имал „продуктивна средба“ со новинарот Ричард Квест, едно од носечките и најпрепознатливите лица на американската телевизија, како и со Фил Нелсон, извршниот потпретседател на CNN.
-Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум, напиша Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Со кој сѐ се сретна Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон
(Фото) Мицкоски на вечера кај Бајден во Белата куќа
Фото: Мицкоски/Фејсбук