еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево, помеѓу нив и културниот работник Слободан Цобе Илиоски

Tројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево. Меѓу починатите од коронавирусот е и истакнатиот музички работник Слободан Цобе Илиоски, од кого денеска градот се простува.

Делчево денеска загуби голем културен работник, се вели во објавата на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ по тој повод.

„Слободан Илиоски – Цобе е професор по музичка уметност во СОУ „М.М.Брицо“, долгогодишен соработник на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, прекрасен човек, колега, омилен меѓу учениците и граѓаните на Делчево.

Во својот богат работен век, беше член на оркестарот и пеачката група „Распеани Делчевчани“, како и на групата „Делчевска тајфа“, а од 2009 година наваму работи како раководител на пеачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“ како дел од работата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево.

Со овие ансамбли и групи има настапувано на многу концерти во нашата држава, но и надвор од неа, каде успешно ја презентира македонската песна. Почивај во мир, драг и почитуван колега, вечна ти слава,“ се вели во прошталниот говор на колегите.

Во изминатото деноноќие, како што претходно соопштија здравствените надлежни, животот го загуби и 43 годишен судски работник од Делчево, како и 78 годишен жител на село Стамер.

Според надлежните, тестирањата продолжуваат и за очекување е и денеска да има нова бројка на заболени од Ковид-19.

-Добро во целата ситуација е што имаме многу негативни тестови и оздравени, што дава надеж дека оваа црна слика за состојбата со коронавирус во Делчево ќе биде надмината, истакнаа надлежните.

До денес до 12 часот во Делчево има 76 активни случаи со Ковид-19 од кои дел се жители на општина Македонска Каменица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција

Балистичари вкрстено ќе бидат испрашувани за „Монструм“

Редакција

Министерството за одбрана вработува 125 професионални војници, плата до 24.000 денари

Редакција