еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Снегот предизвика проблеми на повеќе патни правци, заглавени возила на Стража, зимска идила во населените места

Снегот кој од вчера попладне почна да врне, предизвика проблеми на повеќе патни правци, посебно на планинските превои.

На Стража имаше застанати возила, кои го попречуваа одвивањето на сообраќајот, а имаше и удрени возила. Истите го отежнуваа и чистењето на снегот со механизација.

Западна Македонија наликува како среде јануари, зимска идила во поголемиот дел од населените места, а снегот иако најавуван беше изненадување.

И за денеска се најавува променливо облачно и студено време, со провејување на слаб снег претпладне.

Ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе се движат минималните од -4 до 1, а максималните од 3 до 10 степени.

Фото: еМагазин.мк/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре и задутре

Редакција

На Скопје денеска ќе му се случи #Зелена револуција: Марш за чист воздух, НЕ за загадувањето

Редакција

Гранит со зголемена добивка во третиот квартал

Редакција