еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Уште еднаш покажа зошто е балканска ѕвезда: Калиопи направи концерт за паметење во „Борис Трајковски“

Калиопи направи концерт за паметење во арената „Борис Трајковски“ и уште еднаш покажа зошто е балканска ѕвезда. Професионална на сцена, емотивна со публиката, верна на својот музички израз, со неповторлив глас. Дива во секоја смисла.

Преку тричасовното музичко патување, покажа колку македонската публика и недостасувала, но и таа на публиката. Во салата имаше присутни од сите возрасти, и она што остави впечаток за оваа публика, е што за влез во салата имаше таков ред, што ретко се случува на концерти. Без турканици, наредени во ред, влегуваа културно и пристојно.

„Скопје…Се уште сум опиена од вашата енергија и љубов… Копнежот си го стори своето и за момент ми се причини дека и арената стана премала за нас…Каква величествена ноќ…Фала ви, убави мои! Бескрајно сум ви благодарна,“ напиша Калиопи на нејзиниот Инстаграм профил.

Гости на концертот на Калиопи беа Жељко Самарџиќ, Слаткаристика како и Ромео Грил, кој и ги напиша нејзините најголеми хитови и е нејзин соработник веќе 40 години.

Во продолжение, слушнете ја песната „Вучица“ за која Калиопи ќе каже, дека ако постои песна која најмногу ја опишува тоа е оваа песна.

Фото/еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Шилегов на расправата за аерозагадувањето во Собрание си играше игричка на мобилниот

Редакција

Во затворот во Штип почина 33-годишен затвореник од Кочани

Редакција

Поделби во НАТО околу изборот на нов генерален секретар

Редакција