еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За новогодишната ноќ на Токсикологија примени 17 пациенти, од кои седуммина малолетници

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје.

Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката.

Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Абази поднесе оставка

Редакција

(Видео+Фото) Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Редакција

КПУ Идризово склучи договор со “Фодулмак“ вреден 1,1 милион евра

Редакција