Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера беше ослободена од вина за случајот “Тврдина“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на унишување на опремата со која беа прислушувани илјадници граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанкулоска ослободена за „Тврдина“, Грујевски, Јакимовски и Бошковски добија затворски казни
За одлуката на Кривичниот суд Скопје, Јанкулоска се огласи на Фејсбук и напиша дека е задоволна со одлуката, но и најави дека “борбата продолжува„ и се надева дека ќе се утврди кој прислушувал.
-Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.
Задоволна сум од одлуката на судот кој ги уважи нашите аргументи.
Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушкување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето, напиша таа.
Фото: Јанкулоска/Фејсбук