По средбата на лидерите од владејачката коалиција „Вреди„, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, претседателот на Беса, Биљал Касами и претседателот на Алтернатива, Зекири Ибраими, по одлуката на четвртиот член – крилото во Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари да оди самостојно на престојните локални избори, остана нејасно дали АА ќе остане во коалицијата или ќе биде исклучена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџети по средбата изјави дека не го исклучиле Таравари, туку тој самиот се исклучил и рече дека не било тајна дека Таравари преговара со опозициската ДУИ и олигарси.
И самиот Таравари пред извесно време јавно изјави дека неговото крило комуницира со ДУИ, а по одлуката за самостоен настап на изборите, рече дека АА останува во коалицијата и Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истовремено Таравари ја остава отворена можноста и за здружување со другото крило во АА, предводено од легитимниот претседател на партијата, Зијадин Села.
„Вреди“ на изборите ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници.
Фото: Меџети/Фејсбук