еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се гради ли нов саемски комплекс во Скопје?

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутирале за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје, информираат од Влада.

На средбата биле разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

„Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави Томовски.

Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласила предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.

На средбата било договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пешак загина во сообраќајка на стариот пат Охрид – Струга

Редакција

Вечерва можеби за последен пат Македонија настапува на Евровизија, МРТ најави можност од следната година повеќе да не учествуваме

Редакција

ТТК Банка ја послуша Народна банка, засега нема да исплаќа дивиденда

Редакција