еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ратка Тирицовска од Стопанска банка е добитник на престижната награда PRO PR Globe

Директорката за маркетинг и односи со јавност во Стопанска банка АД – Скопје, Ратка Тирицовска, ја доби престижната награда ПРО ПР Глоуб (PRO PR Globe Awards) за 2023 година, која се доделува на истакнати професионалци во областа на односите со јавност кои оствариле значителни резултати во својата работа.

Таа ја доби наградата како резултат на нејзината вклученост во корпоративната комуникација на Стопанска банка како еден од најзначајните македонски брендови, но и за координирањето и спроведувањето на различните општествено одговорни проекти кои Банката ги спроведува на годишно ниво, со кои го зајакнува брендот и поврзаноста со заедницата.

Наградата на Тирицовска ѝ беше врачена на ПРО ПР конференцијата што се одржа во хотелот „Мона плаза“ во Белград, која на едно место ги собра сите 30 добитници на оваа награда од 15 земји во светот.

Добитниците на наградата ПРО ПР Глоуб се номинирани од поранешни добитници на ова признание, како и од поранешни добитници кои се членови на четирите светски асоцијации за комуникации: Асоцијација за односи со јавност и комуникации (PRCA), Меѓународна асоцијација за односи со јавност (IPRA), Меѓународна организација за комуникациски консалтинг (ICCO) и Овластен институт за односи со јавност (CIPR).

Наградата ПРО ПР Глоуб е специфична по тоа што се доделува на поединци кои со својата работа значително придонесуваат за унапредување на односите со јавност на глобално, регионално и на локално ниво. Оваа престижна награда не се доделува за конкретни проекти, туку на личности кои во соработка со своите тимови успеваат да го промовираат и истакнат значењето на односите со јавност во секојдневното работење.

Покрај индивидуалните награди за ПР професионалците, на конференцијата беа доделени и трите традиционални награди Pro PR Vision City, Pro PR Vision Manager и Infigo Award, за организации и институции кои дале значаен придонес во комуникацискиот менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

Редакција

Бугарскиот клуб не може да се вика “Иван Михајлов“, одлучи владината Комисија, на потег е министерот за правда

Редакција

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција