Беспарица

Цените пред празници се качуваат до небо: Колку ќе ве чини велигденската трпеза

Јагнешко или свинско печење, а може и печена кокошка, руска салата, сувомеснати, некој благ специјалитет, торта или колачи, убаво црвено вино. Најважен дел се секако јајцата украсени во најразлични бои. Ова се основните работи на македонските велигденски трпези. За да се подготви богата велигденска трпеза, потребни се најмалку 3.000 денари за едно четиричлено семејство.

Исклучена струјата на 12.200 потрошувачи

Бројот на ревидирани фактури за потрошена електрична енергија во 2014 година од ЕВН Македонија АД Скопје изнесува 29.811 фактури, покажува годишниот извештај на Регулторната комисија за енергетика. Бројот на исклучени потрошувачи поради неплатени фактури за потрошена електрична енергија во 2014 година изнесувал 12.215 исклучувања. Бројот на исклучени потрошувачи поради ненаплатени фактури во 2014

Се менува Законот за социјална заштита: Владата ќе ја зголеми социјалната помош за 10 наместо за предвидените 5 отсто

Владата ќе ја зголеми висината на социјална парична помош и постојаната парична помош. Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за социјалата заштита со кој меѓудругото наместо со предвиденото зголемување за 5%, висината на овие парични права од социјална заштита ќе зголеми за 10%, при што исплатата ќе се реализира сметано од месец јули 2015 година. 

Потрошувачка кошничка: Британците ставија електронски цигари, а ние имаме едно одење во кино и еден весник неделно

Кошничката со чија помош се мери стапката на инфлација во Велика Британија, оваа година претрпе интересни измени. Имено, од кошничката се исфрлува храната, бидејќи мора да се направи место за производи од модерната технологија. 

Другата страна на приказната: Купувачот не е секогаш во право

Многу често вработените во малопродажните ланци ги нарекуваат со погрдни имиња кога нешто не е како што сака потрошувачот, бидејќи тој е секогаш во право, нели? Продавачката Емили Мадрига на веб страната Тунајт Каталот ја пренесува приказната од другата страна. 

Најголем дел од невработените се со осново училиште

Според последните податоци на статистика од вкупната бројка од 961.416 активно население, без образование се 5.312, со незавршено основно има 20.490, со основно 204.101, со три години средно школо се 88.751, а со 4 години средно образование има 432.530. Или, повеќе од половината од вкупното работоспособно население нема или е со недоволно образование.

Невработеност: Младите најтешко доаѓаат до работа

Младите во Македонија тешко доаѓаат до работа. Статистичките податоци велат дека невработеноста кај лицата на возраст меѓу 25 и 49 изнесува 25,7 отсто, додека кај оние од 15 до 24 години изнесува дури 50,4 отсто. Бројот на лица без работа последниве месеци опаѓа, но младите остануваат да доминират во групата на невработени лица.

Од јуни ќе пиеме поскапо кафе

Кафето е една од најлошо рангираните суровини на меѓународните стокови пазари. Според некои експерти, меѓутоа, овој тренд ќе се промени во текот на втората половина на оваа година. Од почетокот на годината кафето од сортата "Арабика" е поевтино за над 20%, откако цените достигнаа близу едногодишен минимум на ниво од 130 американски центи за фунта

Граѓаните плаќаат два пати за да се полни касата на ПИОМ

Македонија има околу 300.000 пензионери и околу 520.000 оигуреници кои уплаќаат придонеси во Фондот за пензиско и здравствено осигурување. Постојаното зголемување на бројот на пензионери од година во година се повеќе ја празни касата на фондот и поради тоа освен од придонесите, фондот се финансира и од државниот буџет. 

За над 800.000 граѓани плаќањето сметки или кредити е кошмар

Дури 815.000 лица имаат потешкотии со плаќањето на барем еден од наведените трошоци: кредити за купување или реновирање на станот, станарина, сметки за комунални услуги (вода, струја и затоплување) или рати за нестанбен кредит, што претставува 39,5 отсто од вкупното население во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.