Македонија

Македонија под целосно „ембарго“: Затворен Евзони, два часа ќе биде затворен и Дојрани

Поради штрајкот на грчките земјоделци се уште за сообраќај е затворен граничниот премин Евзони, а од 12 до 14 часот се очекува да биде затворен и граничниот премин Дојрани на македонско-грчката граница, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Владата вработува девет лица: Додека се формира нова, нема пречки за вработувања во старата

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено зголемен обем на работа, објави јавен оглас за ангажирање на 9 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година на следниве работни позиции:

Хан: Потребно е уште време, очекувам одлука во интерес на државата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека очекува од политичките лидери да демонстрираат демократска зрелост и да донесат одлука во интерес на земјата и на граѓаните и нивната европска перспектива.

За што разговарале Груевски и Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан, кој престојува во посета на Македонија, доцна синоќа се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски. На средбата станало збор за организирањето и резултатите од изборите, постизборниот период и обидите за создавање коалиција

Хан- Иванов: Што поскоро формирање на влада за надминување на политичката криза

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан. 

Хан на средба со Иванов

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Вчера Хан имаше  средби со премиерот Емил Димитриев и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот. 

Евзони се уште е затворен, магла кај Попова Шапка, Ѓавато и Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар

Кој е Дана Рорабакер кој смета дека Македонија не е држава и дека треба да се подели

Американскиот конгресмен Дана Рорабакер продолжува да провоцира околу интегритетот на Македонија и деновие по неговата изјава на албански медиум дека „Македонија не е држава“, и дека истата треба да се подели помеѓу соседите

Груевски без изјава по средбата со Хан

Лидерот на ВМР-ДПМНЕ, Никола Груевски не даде изјава по вечерашната средба со еврокомесарот Јоханес Хан. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека утре ќе информираат преку соопштение за медиумите за деталите од средбата. Хан денеска имаше средби со лидерите на СДСМ, ДУИ, Беса, ДПА и Алијансата за Албанците.

Заев по средбата со Хан: Се што се разговара е во рамките на Уставот, не бегаме од платформата

​Што побрзо формирање влада е од инетрес на граѓаните и на целата земја. Најголемо очекување на граѓаните и на ЕУ се реформите. СДСМ со кампањата и својата платформа е целосно посветена на рефромските приоритети согласно извештајот