еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка за три месеци има добивка од 1,1 милјарда денари

Во првите три месеци од годинава Комерцијална банка АД Скопје остварила добивка од 1.179,1 милион денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Споредено со истиот период лани, добивката на Банката е зголемена за 13,4 %.

-Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 111,4 %. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 32,8% поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење (нето приходи од камата и нето приходи од провизии), а во помал дел и поради зголемените останати приходи.

Банката ги оствари овие резултати благодарение на зголемените пласмани во нискоризични хартии од вредност и зголеменото кредитирање, како и се уште високото учество на пласманите во парични средства и парични еквиваленти, кои придонесоа за остварување повисоки каматни приходи, во услови на повисоки каматни стапки споредено со истиот период минатата година, велат од таму.

Вкупните приходи на Банката за овој период се 1.998,6 милиони денари и бележат зголемување од 26,5 % во однос на истиот период од минатата година.

-Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2024 година истите бележат зголемување од 26,8 % во однос на истиот период од минатата година.

Приходите по основ на камата се зголемени за 34 %, и тоа кај сите категории на клиенти: кај секторот финансиски друштва поради зголемените каматни стапки на благајничките записи и на депозитите пласирани во НБРСМ, кај секторот држава како резултат на зголеменото вложување во државни хартии од вредност со зголемени каматни стапки , кај нефинансиските друштва поради зголемени пласмани, кај домаќинствата поради зголемени пласмани и кај нерезидентите поради зголемени пласмани во странски банки и зголемени каматни стапки, велат од таму

Расходите по основ на камaта се зголемени за 130,3 % поради зголемените орочени депозити и зголемените пасивни каматни стапки споредено со истиот период минатата година, посочуваат од таму.

-Нето-каматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 3,3 % во првиот квартал од минатата година, на 3,94 % во истиот период од оваа година.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2024 година изнесуваат 336,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 25,6 % во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 122,3%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2024 година изнесуваат 96,6 милиони денари и се на речиси исто ниво како истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 118,5 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2024 година изнесуваат 86,5 милиони денари и бележат зголемување од 29,9 % во најголем дел како резултат на реализирана капитална добивка од продажба на преземен имот, како и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања споредено со истиот период минатата година. Планот е остварен со 46,5 %, велат од таму.

Оперативните расходи на Банката изнесуваат 543,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 12,1 %, во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемените плати и други трошоци на вработените и зголемената амортизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата која од Комерцијална банка го купи имотот на Еуроникел индустри

-Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Планот е остварен со 97,9 %.

Во периодот од 01.01-31.03.2024 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,4 милиони денари, во согласност со регулативата од НБРСМ.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 274,6 милиони денари наспроти 54,6 милиони денари во истиот период минатата година, што се должи на одобрувањето нови кредитни изложености на правни лица, промената на ризичната категорија кај одредени клиенти, како и заради стапување во сила на новата Одлука за управување со кредитен ризик која пропишува нови построги услови за преминување на побарувањата во нефункционалност и за враќање во редовен статус, велат од таму

Вкупната актива на Банката на 31.03.2024 година достигна износ од 163.620,5 милиони денари и е на речиси исто ниво како декември 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сава Димитрова и Таки Фити не се повеќе членови на НО на Комерцијална банка

Кој е најголем акционер во Комерцијална банка

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 910 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Словенија Мицкоски се сретна со Орбан

Редакција

Пад на каматите кај кредитите и кај депозитите во август

Редакција

Силни жени од цел свет кога ќе се обединат на едно место, нема сила што може да ги спречи во остварување на целите

Редакција