еМагазин
Image default
Македонија

Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори

На 1 април МКД.мк го објави истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет вижн за првиот круг од претседателските избори. И ова истражување, како и истражувањата кои МКД.мк и Маркет вижн веќе неколку години по ред ги спроведуваат, покажа дека е најблиску до резултатот.

Политичари од власта, портпароли, како и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, коментираа дека се работи за анкета правена во партиски штаб. Најдобриот демант за ова е споредбата на резултатите од анкетата сo резултатите од првиот круг од претседателските избори.

Анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Сиљаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Сиљаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски.

На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори.

Николина Стојановска управителката на Маркет вижн, вели дека за бројните обвинувања и сомневања и од политичарите и од т.н. експерти подобар одговор нема од споредбата на анкетите со резултатите од изборите.

„Веќе неколку избори имаме најточни резултати. Ова не е случајно. Точна анкета бара ресурси, посветеност и затоа секогаш чини повеќе. Нашите анкети неретко се поскапи, може да траат и некој ден повеќе, но тоа е неопходно за поголема точност. Последната наша анкета за МКД.мк, споредена со резултатите од изборите, поконкретно со важечките гласови покажува точност со минимални отстапувања во рамки на статистичката грешка од 3% што може да се види од приложениот слајд.

Многу аналитичари се занимаваат со проценти, но притоа не обрнуваат внимание на најважниот показател, а тоа е соодносот на гласовите меѓу кандидатите. Соодносот ја дава најреалната слика.

Процентите меѓу различни анкети се неспоредливи бидејќи во секоја анкета има голем број испитаници кои не се изјаснуваат, не знаат за кого ќе гласаат…, а вкупниот број на вакви одговори во секоја анкета е различен. Ако го погледнете распоредот на нашите резултати ќе видите дека е речиси еднаков со резултатите од ДИК.

Важно е да се нагласи и моментот дека Маркет вижн не е агенција специјализирана за политички анкети. Ние сме експерти за бизнис, истражувања за брендови, финансии, и инвестициски проекти. За жал, недостатокот од вакви проекти во последните години ни ослободи време да работиме и ваков тип на анкети.

Интересно е да се спомене дека многу странски институции и невладини организации, чија цел е унапредување на политичкиот систем, кои редовно прават и објавуваат анкети, многу пати нѐ поканиле да учествуваме на нивни тендери, но никогаш не нѐ ангажирале. Тука се поставува прашањето која е целта на тие анкети ако не ја одбирате агенцијата која со години се покажала како најточна“, вели во изјавата за МКД.мк Николина Стојановска.

За декемвриската анкета на МКД.мк и Маркет вижн премиерот Димитар Ковачевски изјави дека била пишувана во партиски штаб. По оваа негова изјава МКД.мк и Маркет вижн,  соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини, но тоа не беше сторено.

Извор/мкд.мк Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Во Струга се случи сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и кон државата

Редакција

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Редакција

Нови четири случаи на Ковид-19 од 3.074 тестирања, бројот на активни е 351

Редакција