еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот на бегалецот Груби вели дека тој не направил кривично дело

Адвокатот на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, Владимир Доневски, вели дека неговиот клиент по утврдување на сето она со што располага Судот, како и по анализата што ја направила неговата одбрана на аргументите на Основното јавното обвинителство, не постои основа на сомневање за сторено кривично дело, предвидено со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Од одбраната на Груби велат и дека тие ќе ги изложат своите аргументи во рамки на законски предвидената постапка, со цел да се убедат судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело за дејствијата за кој е обвинет Груби.

„Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќе ги задржат непристрасноста и независноста, а одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи.

Со оглед дека судењата се јавни, медиумите и целокупната јавност ќе можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдување вина кај Артан Груби“, велат преку соопштение од адвокатското друштво „Доневски“.

Оттаму додаваат и дека гонењето на осомничениот се води во судска постапка, а не преку медиуми и токму затоа тие досега не излегле во јавност, и покрај големиот јавен интерес за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Груби бара да му се укине притворот од 30 дена

До Основниот кривичен суд, одбраната на Груби поднесе жалба на одлуката за притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Груби е во близина на Драч во Албанија?

Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами

Кој е Папранику, сопственикот на Нептун и почен конзул на Косово, со чие дипломатско возило Груби избега во Косово

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска берза го стави скопски Бетон на „Листата за набљудување“ поради блокирана сметка

Редакција

Каков имот пријавил Сашо Василевски, директорот на МЕПСО, кој Заев предлага да биде сменет

Редакција

Во блок-трансакции продадени 4.000 акции од Комерцијална банка за 364.000 евра

Редакција