Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на катната гаража на Клинички центар, за која интерес изрази само албанската „Ѓока констракшн“, кажа дека е неспорно дека има потреба од паркинг, бидејќи луѓето губат од половина до еден час за да најдат паркинг-место, и посочи дека бил важен и гласот на јавноста.
„Тоа е нешто што сме ветиле како Влада. Ако на некој му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред.
Меѓутоа, многу ми значи гласот на јавноста. Потоа ќе видиме, ќе процениме како Влада, па и како Министерство за здравство дали да го тераме процесот или да се вратиме од почеток, и уште еднаш да објавиме тендер за катни гаражи на Клинички центар.
Но, треба да го имаме предвид и тоа дека тоа ќе трае уште една година приближно,“ изјави Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договор со „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички не е потпишан, вели Таравари
Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар?